Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски

Започнаа работните активности за партерно уредување околу Офицерскиот дом. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со стручните екипи од општинската администрација, извршија увид на активностите со кои треба да биде комплетирана првата фаза од партерното уредување на површина од 2100 метри квадратни.

Вкупната вредност на оваа фаза од проектот за партерно уредување кај Офицерскиот дом изнесува 23.002.486 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »