Вечерва во Битола, на плоштадот “Магнолија“ се одржа граѓански протест, за кој битолчани велат дека бил досега намасовен граѓански протест организаран во градот, на кој беше побарана “Правда за Јана“ – одговори од надлежните за смртта на шест-годишното девојче.
Битолчани го исполнија плоштадот “Магнолија“ голем број на транспаренти, “Секогаш во нашите срца Јаничка“, “Малце се ли жртвите од короната“, “Сите сме Јана“, “Немаме солзи да ви ги исплачиме гревовите“…, а запрашаа “уште колку здрави деца како Јана треба да умрат?“
На присутните им се обрати, организаторот, Игор Петковски, инаку кум на починатото девојче, во своето обраќање, го започна со повик да со едноминутно молчење да и се оддаде почит на почината Јана и рече:
-Загрижени сегашни и идни родители, врсници на Јана, повозрасни деца, тинејџери ви благодариме за тоа што се сочуствуваме со голготата и неизмерната болка на семејството Христовски. Вечерва бараме правда за Јана која однапред знаеме дека институциоално ја губиме. Но, ни не останува да го кажеме тридецениското, наше Македонско “Тое е“. Туку да се обединиме сите заедно да се обединиме да бидеме посилни и јавно да кажеме Доста е. Доста е теророт за нашите чеда, доста е од негрижата, нефункционалнотоста на медицинските апарати, од редиците и безредието, од третманот кон нас пациентите, од нестручноста, од меѓусебните нарушени човечки прашања, неколегијаноста во болниците, од партизацијата, од нехигиената…
Петковски ги кажа и барањата кои беа упатени од овој протест:
-Правда за Јана веднаш, оставки веднаш, реформи веднаш. Петковски се заблагодари од име на родителите на Јана, и го упати апелот од нив да се спасат колку е можно повеќе деца, да не ја доживеат судбината на Јана.
Како ќе се продолжат протестите, нагласи Петковски, ќе зависи од извештајот за смртта од надлежните.

“Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Светскиот ден на слободата на медиумите обележан со крводарителска акција во неколку града во Македонија
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- СВР Битола: управувал возило иако имала забрана, приведување за дрога





