Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: ново осветлување и пешачка патека во Долно Оризари

Општина Битола, покрај во урбаниот дел, од денес ги започна работните активности за новата градежна сезона и во руралните средини.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и стручните екипи од општината, денес извршија увид на почетокот на работните активности во Долно Оризари, каде се работи на подготовка на теренот за поставување на подземните инсталации за новото улично осветлување.

Инфраструктурното уредување во Долно Оризари, ќе продолжи со изградба на пешачка патека во должина од приближно 1 километар.

За реализацијата на двата проекти, општина Битола инвестира вкупно 6.391.299 денари, од кои 3.052.163 за улично осветлување и 3.339.135 за градежните работи.

More from ВестиMore posts in Вести »