Медицинската масажа е метод на физикална терапија која користи низа систематски движења по телото со цел манипулирање со телесните ткива (кожа, поткожно ткиво, мускули и мускулна фасција).
Се изведува со раце со цел директно или индиректно да предизвика влијание врз мускулниот и нервниот систем и циркулацијата на крвта и лимфата. Поради зголемената хиперемија, кожата по масажата изгледа затегнато и еластично.
Медицинската масажа ја подобрува циркулацијата, го подобрува снабдувањето со кислород и хранливи материи, како и елиминирање на штетните материи од метаболизмот и јаглерод диоксидот од крвта.
Медицинската масажа може да се користи како примарна терапевтска интервенција или како додаток на други терапевтски техники.
Терапевтски цели и индикации за медицинска масажа:
-мобилизација на интерстицијални течности,
-намалување на грчеви,
-подобрување на локалниот проток на крв,
-намалување на мускулната болка и вкочанетост и
-превенција или елиминација на миогелозата.