Press "Enter" to skip to content

Oтворena изложбата “Колку прекрасно!“ на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилијата Филевски (фотогалерија)

Вечерва во Офицерски дом во Битола, во Кристалната сала, свечено беше отворена изложбата со наслов “Колку прекрасно!“ на уметничките слики на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилија Филевски. На отворањето на изложбата на присутните им се одбрати директорторката на КИЦ Битола, Лили Бошевска, која нагласи дека посебно и и е мило што оваа установа првата соработка ја воспостави со ликовната колонија “Де Ниро“ и дека посебно се радува, а тоа е и на радост на сите љубители на уметноста во Битола, дека приватната колекција на семејството Филевски е изложена тука во Офицерски дом.По повод оваа изложба Марјан Ѓоргиевски, како рече по налог на Драги Филевски добил задача да направи нешто за отворањето на изложбата и рече:-Драги ми рече да се видиме и да направиме нешто, а тоа се оддложли, а по гледањето и по пробивањето на крајниот рок, рано во 8 часот, Драги ми рече да се направи, а нема да биде тука. Јас на своја одговорност во кратко време, додека Драги и фамилијата беа отсутни, се досега до пред еден час, го реализирав краткиот филм, кој од од 7-8 стигна до 20 минути, на кој на оригиналан начин е претставено пријателството на Миро и Драган. Се надевам дека нема да ми замерат двајцата, но секако филмот, се надевам, нема да ме отапаат, а секако ќе биде домонтиран, а како некои рекоа ќе биде снимена и серија.Изложбата ја отвори Мишко Барзов, кој рече:-Ние тројцата, јас, Миро и Драган се дружиме одамна, искрено и пријателски, а ова што го видовте на краткиот филм е само уште една уметничка слобода. Сите тројца сме љубители на храна, големи љубители на животот, а не спои Мирослав Масин, во искрено пријателство кое трае дваесетина години. Јас сум многу среќен што вечерва сум тука со вас, бидејќи семејството Филевски се големи колекционери на ликовна уметност и се осмелија конечно да покажат дел од својата богата колекција. Ништо не вредно да се поседува ако нема со кого да се сподели, а тие токму тоа го направија. Многу му благодарам на Филевски, на Драги и Силвана, на Марио и Матео, бидејќи ги споделија овие 25 прекрасни дела на маестрото Масин за кој не треба многу да се зборува, бидејќи делата сами зборуваат.Мирослав Масин, рече дека се радува што е во Битола и додаде:-Ви благодарам драги битолчанки и битолчани, јас сум голем фан на Битола, а дури можам и да зборувам битолски. Тука имам служено војска, тука е докторката од Битола, и драго ми што см ваш гостин и вие мои гости.На крај на отворањето Драги Филевски во име на семејството им се заблагодари на сите присутни и ги покани да уживаат во изложбата и во музиката на “Пијан славеј“. 

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »