Почетокот на акцијата за оформување на заштитна зона со високостеблеста шума и рекултивација на површински коп и одлагалишта за јаловина и депонијата за пепел, го означија вработени во Службата за техничка сигурност на РЕК Битола и волонтери од Здружението за доброволно младинско работно ангажирање “Волонтери Пелистер” од Битола кои денес посадија багреми под одлагалиштето за пепел. Во рамките на акцијата за засадување на 150.500 садници, планирано е околу РЕК “Битола“ да се засадат 70.000 садници на јасен, 80.000 садници багрем и 500 тополи!
–Остануваме посветени на грижата за животната средина, порачуваат од РЕК “Битола“.

РЕК “Битола“ започна со засадување на 150.500 садници околу комбинатот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)