Press "Enter" to skip to content

ЈП “Паркинзи“ ги обележува пешачките премини, прво пред градинки и училишта

ЈП “Паркинзи“ Битола ги известува граѓаните на Општина Битола дека поради обезбедување на поголема безбедност на пешаците, како и на сите учесници во сообраќајот врши обележување на пешачките премини.

Акцијата започнува и на почетокот ќе ги опфаќа исклучиво пешачките премини кои се во непосредна близина на основните, средните училишта и градинките, а потоа ќе продолжи и на останатите пешачки премини.

Со цел да не се наруши редовниот тек на сообраќајот и движењето на пешаците, најголемиот дел од акцијата за обележување ќе се изведува во вечерните часови секогаш кога тоа го дозволуваат временските услови.

More from ВестиMore posts in Вести »