Press "Enter" to skip to content

Наташа Ристеска, физиотерапевт, сопственик на салонот “Физиорелакс“: Јубилејни 20 години “Физиорелакс“ салон за почит

Со неа поразговаравме за јубилејот 20 години постоење и за идејата за отворање на салонот “Физиорелакс“, за што ни рече:-Пред 20 години се отвори салонот кој во тој период беше меѓу првите салони. Завршив на медицински колеџ во Бугарија. Уште додека студирав со посетување на тамошни салони за убавина добив идеја да отворам сопсвен салон. Се разбира на почетокот не беше лесно, додека да се стекнат клиенти, доверба на истите, ве научат кои сте, каде сте…. Но понатаму кога имаш голем број на задоволни клиенти, се беше полесно.Тука ке кажам дека голем дел од моите клиенти ден денес се верни клиенти во салонот од моите почетоци. Затоа ќе кажам дека денес ги чувствувам како блиски, бидејќи во време на масажа се воспоставува еден однос на доверба физиотерапевт и клиент. Работам само работни денови во седмицата, а викендот го оставам за семејството, рекреација и хоби. Што на почетокот не беше така.Кажете со што поточно работите во вашиот салон?

-Најчесто се прават релаксирачки масажи со различни природни масла, антицелулитни масажи, масажи со ароматични масла….                                        

Со кои проблематики најчесто доаѓаат кај вас?

-Денешниот начин на стресен живот, начин на живот поврзан со долго седење на професии поврзани со компјутери,работа која треба повеќе стоење на едно место повеќе време.-Јубилејот го славам заедно со клиентите, без нив немаше да бидам ова што сум денес, на кои им сум бескрајно благодарна. Исто така голема благодарност и до моите најблиски кои од почетокот до ден денес ми се најголема поддршка и помош, додава Наташа Ристеска.

Салонот “Физиорелакс се наоѓа на “Булерав 1- ви Мај 96 в во Битола.