Низ Широк Сокак, низ Битола, низ школските дворови преполно со деца маскирани во Wednesday, Хари Потер, Бетман, Супермен, принцези Снежена, Бел… гусари, пирати, пеперутки, роботи сето тоа средено со имагинацијата и креативноста на родителите, на радоста на децата децата им немаше крај. Добро е макар за еден ден да се биде во кожата на својот лик од книга -приказни, бајки, стрипови, цртани филмови, мјузикл…Денеска е светски ден на шегата, 1 април кој се одбележува веќе со векови наназад, со неизбежното „априлили”. Овој ден во Македонија исто така се прославува и со маскенбал, кога сите се маскираат, облекуваат во костими и маски на суперхерои и ликови од бајки, приказни, филмови, стрипови…
Традиционално маскирани учници од основните училишта во Битола по повод 1 ви Април дефилираат по Широк Сокак. Оваа година ден претходно, најпрво во своето училиште, училница, двор меѓу своите ученици, потоа како и секоја година по Широк Сокак каде продефилираа најразлични маски и костими.
Секој со глума и однесување на ликот кој се претставува. Така макар и за еден еден секој може да се најде маскиран како својот омилен лик и да се пренесе во еден чудесен свет на фантазџијата оддалечувајќи се од секојдневната реалност.
Wednesday, Хари Потер, Бетман, Супермен, принцези Снежена, Бел…гусари, пирати, пеперутки, роботи сето тоа средено со имагинацијата и креативноста на родителите, на радоста на децата децата им немаше крај. Добро е макар за еден ден да се биде во кожата на својот лик од книга -приказни, бајки, стрипови, цртани филмови, мјузикл…

Најмалите битолчани го одбележаа денот на шегата 1. април (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Тимот на “X-fit Bitola“ од Битола на 5. место на “OCR – obstacle course race“ во Маврово (фото)
- Работилница со примена на виртуелна реалност на ИПА регион Битола (фото)
- Дебатен настан на УКЛО Битола за новите геополитички случувања ги здружи академската јавност и граѓаните
- Во книжарницата “Book’s House“ работилница на тема “Фиктивни – реални приказни“
- Денот на државноста на Хрватска, одбележан и во Битола (фотогалерија)