Press "Enter" to skip to content

Нова победа на фудбалерите на Пелистер во Битола, под Тумбекафе (фотогалерија)

Пелистер – Детонит Плачковица 2:0 (0:0)

Екипата на Пелистер денес на стадионот “Патар Милошевски“ во Битола ја победи екипата на Детонит Плачковица, со резултат 2:0, полувреме без голови.По првото полувреме кое помина без голови во кое “пелистерци“ имаа шанси за водство кои не ги претворија во гола, двата гола и победата дојдоа во второто полувреме.Првиот гол за Пелистер го постигна Петар Љамчевски во 56. мунита, а вториот гол за сигурна победа го постигна Љавдрим Фазлиу во 79. минута од натпреварот.Во ова 22. коло од Втората лига сите четири екипи победија и нема промена на распоредот на табелата. Прв е Вардар со 55 бода, пред Воска Спорт со 53 бода. Третопласиран е Гостивар со 51 освоен бод, а на четвртото место е Пелистер ксо 46 бода. 

More from ВестиMore posts in Вести »