Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: урична нефропатија

Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува урична нефропатија , за што вели:

-Урична нефропатија е термин кој опфаќа промените и оштетување на бубрежното ткиво и уроодводите поради зголемено ниво на  мочна киселина во крвта – хиперурикемија која за жал ретко се испитува кај нас и уште поретко се третира, а е и причина за гихт или уричен артритис.Промените поради хронична хиперурикемија кои се почести кај машки пол можат да бидат акутни во бубрезите со формирање на уратни кристали и калкулуси во собирните канали чашките, пиелонот уретерите со појава на ренални колики или тапа нелагодност во лумбална регија со ризик од компликации секундарни уринарни инфекции, микро и макрохемарурија и опструктивна нефропатија или хидронефроза или акутна бубрежна слабост.

Причините за уратната нефролитијаза се  зголемување на мокрачната киселина во крвта поради миелопролиферативни заболувања, лимфоми, хемолитични анемии, зголемено излачување во мокрачата и наследни хиперурикемиски синдроми поради вродени дефекти во тубуларна реапсорпција на урати.

Вториот вид на уратна нефропатија е хроничното оштетување на бубрезите поради примарна хиперурикемија кај која кристалите се во медуларниот интерстициум со предизвикување на хронична инфламација која после дваесет години води до хронична бубрежна слабост често придружена со неконтролирана хипертензија.

Лекувањето  е од  превенција со доволен внес на течности 1,5 литри дневно, алкализација на урина,контролирање на хипертензијата со АРБ или АКЕ инхибитори, контрола на масти, и давање на урикозурици и урикостатици како алопуринолот или новиот фебуксостат и секако и во диета со  редукција на внес на  алкохол, месо, високомастни млека сирење.

More from СоветиMore posts in Совети »