Press "Enter" to skip to content

Пелистер убедлив во Битола, го победи Феникс 2010 (фотогалерија)

Пелистер – Феникс 93:74

Во вечерниот термин во 20,30 часот, во Битола, во последниот натпревар од саботната програма на 20. коло, во Првата македонска кошаркарска лига, кошаркарите на Пелистер, и без бековскиот тандем Стајиќ-Караџовски, победија против Феникс 2010 со резултат 93:74.“Пелистерци“ одлично го отворија натпреварот и поведоа двоцифрено, а потоа со добра игра стигнаа до 25:12 во првата четвртина.  Во втората четвртина момците на Марјан Илиевски рутински го бранеа воствтвото, а на одмор се  отиде со +11 за Пелистер, 42:31, а вториот квартал го добија со 2 поени, 17:19.Во третата четвртина Феникс успеа да пријде најблизу на шест поени, ама потоа кошаркарите на Пелистер успеаја да направат 17:0, серија со која победата веќе беше обезбедена.Гостите останаа и без Трајковски, кој доби две технички грешки и мораше да ја напушти салата. До крајот Пелистер одигра сигурно и не дозволи изенадувања, па дојде до нови првенствени бодови. Наефикаен кај Пелистер и на паркетот беше Андерј Маслинко со 28 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »