Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: обилните дождови предизвикаа поплави, но без поголеми штети (фото)

Битола памети неколку поплави, а последната алармантна состојба на водостојот на реката Драгор беше во пред 10 години, во 2013 година, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Зголемениот водостој беше резултат на обилните врнежи од дожд како и на топењето на снегот на Баба Планина, а водата беше премногу и не можеше целосно да ја прифати каналот на Стрежево.Најкритично беше во долниот тек на реката Драгот кај Долно Оризари каде мораше да интервенираат и градежни машини со цел водата да не прелие во селските двориви, а секако во првите куќи до реката дворовите беа под вода.Во Битола беше зголемено нивото на реката Драгор, а се дојде до посериозни проблеми. Заседаваше и кризниот штаб, и се интервенираше каде имаше потреба, под мостовите на реката за да не дојде до излевање на водата.

More from ВестиMore posts in Вести »