Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер потешко од очекувањата до победа во Кавадарци

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 21:22 (10:11)

Екипата на Еурофарм Пелистер во Битола се враќа со бодови после победата над екипата на Тиквеш, со резултат 21:22, полувреме 10:11, но многу потешко од очекувањата. 

Во текот на целото прво полувреме домашните ракометари играа без предрасуди кои фаворитот од Битола. Тиквеш одлично го започна натпреварот за 3:1, а предноста ја одржуваа до 16 минута кога Еурофарм Пелистер израмни на 6:6. Еурофарм Пелистер со добрата одбрана и два гола дојде до +2. Во самиот финиш на првиот дел Тиквеш успеа да намали еден гол за 10:11 на гостите, по што се отиде на одмор.

На стартот на второто полувреме Тиквеш израмни, а Еурофарм Пелистер повторно дојде до +2. “Пелистерци“ разликата ја одржуваа до израмнувањето на 15:15. Играта гол за гол траеше до 53. минута, а Еурофарм Пелистер беше во водство, а Тиквеш израмнуваше. Кон крајот Еурофарм Пелистер имаше повторно +2 (18:20), а на две минути пред крај и +3. Тиквеш се обиде со пресинг да дојде барем до еден бод, а “пелистерци“ имаа водството до самиот финиш, а Тиквеш постигна два гола од пенал, за конечни 21:22.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Хененберг со 7 голови и Хосни кој постигна 4.

More from ВестиMore posts in Вести »