Пролет – Еурофарм Пелистер 2 25:26 (13:14)
Спортска сала „Македонско сонце“ – Скопје, гледачи: 300
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви
Пролет: Петковски, Тотиќ 3, Василевски 10, Пецаковски, Јовановски, Донев, Димов 2, Андоновски 4, Мајнов 2, Т. Димовски 1, Крстевски, Фичорски, Јанчев, Михаљевиќ, Палевски 3, Спасовски.
Еурофарм Пелистер 2: Печурица, Јовановски, Бошњак, С. Ристевски 1, М. Димовски, Димитровски 2, Талевски 3, Петровиќ 7, Ивановски 3, Буторац, Белистојановски 5, Х. Ристевски, Мијушковиќ 3, Блажевски 2.
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во плеј-офот ја победи екипата на Пролет на гостувањето во Скопје со резултат 25:26, за втор триумф на делба на петтото место.
Еурофарм Пелистер 2 беше изедначен противник во првото полувреме, а на пауза се замина со резултат 13:14 за младите битолчани. И во второто полувреме натпреварот беше изедначен се до резулатар 17:18, кога Еурофарм Пелистер 2 влезе во серија и замина на 18:22. Пролет фати приклучок кога од 23:26, а потоа дојде и на 25:26. На една минута до крајот, имаше Пролет напад за реми, но не го искористи.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2 Павле Петровиќ со 7 гола, следува Белистојановски со 5 гола.