Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките го завршија регуларниот дел, ќе играат бараж за Прва лига против Вардар

Ускана – Пелистер Волеј 1:3

(25:17; 14:25; 17:25; 17:25)

Со победа на гостувањето во Кичево екипата на Пелистер Волеј од Битола го заврши регуларниот дел од сезоната, од Втората одбојкарска лига на Македонија. За оваа победа тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски вели:

Во една убава и пријателска атмосфера, во салата “Христо Узунов“ победивме во една убава игра против мотивираната екипа на Ускана, која даде се од себе да не спречи во 15. победа оваа сезона. Отворивме лошо и неорганизирано, би рекле потценвачки што секако не беше добро за нас, што неминовно резултираше со казна на противникот кој сосема заслужено го доби првиот сет. Но тоа дефинитивно ги освести нашите девојки и од вториот сет натаму целокупната игра беше апсолутно на страна на Пелистер онака како што доликува, доминантно и агресивно со навистина фантастичен број на освоени дури 71 поен, а дури четири одбојкарки кај нашиот тим беа двоцифрени.
Поените ги освоија: Стефани Најдановска 22, Софија Проковиќ 20, Меланија Каралиоска 13
Анастасија Ристевска 10, Лиле Лозановска 5 и Михаела Цветановска 1.
More from ВестиMore posts in Вести »