На сцената во Големата сала на Центарот за култура во Битола, синоќа на 1 април гостуваше најновата комедија “Обвинителка“ која љубителите на театарот од Битола ги насмеа до солзи. Актерската тројка, Лидија Вукиќевиќ, Магдалена Ризова- Черних и Сашо Ристовски, низ низа комични и реални животни ситуации ни прикажува една мошне интересна тема на денешницата, актуелна во секој поглед.
Оваа претстави низ низата на динамичните дејствија, брилијатната актерска екипа, ги одговара оддамна непоставените прашања: Како е да се биде обвинител? Како е да се работи во обвинителство? Како може или неможе да се спасиш од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време.
Костимите ги изработи Елена Лука, а музиката е на младиот и талетиран композитор Мишел Трајковски. Претставата се подготвува со полн интензитет и плод на соработка на нашата држава и Република Србија.
Ова е еден од ретките проекти поставувани на македонската театарска сцена во кој се говори на македонски и српски јазик.

“Обвинителка“ со Лидија Вукиќевиќ комедија која ги насмеа битолчани до солзи
More from ВестиMore posts in Вести »
- Со “Подиум на млади“ започна соработката на Државното музичко училиште – Битола и НУ Камерен Оркестар на Битола
- Оддадена почит на загинатите бранители од Битола кај Гајре, Влатко, Благојче и Пеце (фото)
- Општина Битола: целосно се затвора улица “Стрежевска“ од 9 до 19 јуни
- „Ехото на поезијата“, поетски настан во сеќавање на поетот на Битола – Панде Манојлов (фотогалерија)„Ехото на поезијата“, поетски настан во сеќавање на поетот на Битола – Панде Манојлов (фотогалерија)
- Апел за помош за Лидија од Битола, 24 години борба, 6 години неподвижност и еден живот кој сè уште сака да се бори
More from КултураMore posts in Култура »
- Со “Подиум на млади“ започна соработката на Државното музичко училиште – Битола и НУ Камерен Оркестар на Битола
- „Ехото на поезијата“, поетски настан во сеќавање на поетот на Битола – Панде Манојлов (фотогалерија)„Ехото на поезијата“, поетски настан во сеќавање на поетот на Битола – Панде Манојлов (фотогалерија)
- Заврши 7. “Пијанофест“ Битола, годинашен леуреат – Владимир Србиновски (фото)
- “Магичен ден со бајките на браќата Грим“ во Универзитетската библиотека во Битола (фото)
- “Триптих“ трета самостозна изложба во три години во Битола на академскиот сликар Тони Соколов (фотогалерија)