Press "Enter" to skip to content

Александар Јовиќ пред елиминационата СЕХА фаза: Пелистер плус “Чкембари“ е Битола, сакаме поддршка за победа над Татран

Утре во Битола, со салата “Боро Чурлевски“ Еурофарм Пелистер, во рамките на првиот четвртфинален натпревар на СЕХА лигата, ќе биде домаќин на Татран Прешов од Словачка, сво кој “пелистерци“ ќе се обидат да направат разлика за полесен реванш натпревар и пласман во полифиналето.

Денес, во клубските простории се одржа прес-конференција на која зборуваше тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ кој рече:

-Се работи за квалитетна екипа, која е шампион на Словачка и нè очекува тежок и неизвесен натпревар. Татран има многу интернационалци во составот. Од наша страна, ќе се обидеме да се подготвиме добро и првиот натпревар да го дочекаме максимално подготвени.  Мислам дека имаме два клучни месеци пред нас. Сметам дека треба сите да се мобилизираме за да ја исполниме нашата цел, а таа е освојување на двојната круна, а повика на поддршка.

-Немилите настани што се случија на дербито во Скопје оставија трага, но мислам дека утрешниот дуел е шанса за сите да се склопиме и да тргнеме кон нашата цел. Според мене, Пелистер плус “Чкембари“ е еднакво на Битола, така што утрешниот натпревар е шанса и ги повикувам навивачите да не поддржат да дојдеме до победата, рече Јовиќ.

Првиот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Татран Прешов е закажан уре во 18:00 часот во Битола, е реваншот пак се игра следниот понеделник во пладневен термин.

More from ВестиMore posts in Вести »