Press "Enter" to skip to content

Библиотеката во проектот “SASAS JEKHVAR JEKH – НЕКОГАШ ОДАМНА … И СЕГА“

На работната средба во рамки на рамки на проектот „SASAS JEKHVAR JEKH – НЕКОГАШ ОДАМНА … И СЕГА“ во Плауен, Германија, учествуваа и претставници на Библиотеката од Битола, на која се дискутираше за Европската книга за ромска бајка.

Ромската бајка ќе содржи вкупно 40 ромски бајки од 8 земји партнери, секоја секоја на националниот јазик и најчесто зборуваниот ромски дијалект , за карактеристиките на книгата: формат/големина/ корица, наслов, големина на фонт, број на страници, број на илустрации, прелиминарни забелешки/предговори, издавачка куќа.Исто така се разговараше за избор на бајки за кои е потребна илустрација за тестирање кои ќе треба да ги направат сите партнери, како и за Монографија за ромските бајки што го опишува нивното потекло, традиција и значење за културното наследство на Ромите и за европското културно наследство. 

Со овој проект ќе бидат изразени имагинациите, идентитетот и сеќавањето на ромските заедници, како и нивните навики, вредности и традиции, ќе се промовира писменоста на Ромите (читатели и слушатели), децата на Ромите ќе најдат подобар пристап до својот мајчин јазик и полесно ќе го учат, ќе се поттикне желбата за читање и литература, ќе се посредуваат приоди за решавање на проблемите и вредностите од поглед на ромските заедници, ќе се подобрат когнитивните, лингвистичките и креативните вештини за пишување, ќе се најдат одговори на прашањата за потеклото, пренесувањето и зачувувањето на ромските бајки и нивното значење за културниот идентитет на Ромите…

Ова ќе придонесе за зачувување на ромскиот јазик како релевантен дел од културниот идентитет на Ромите, за негово искористување за конкретни понуди за доживотно учење, особено во образованието на возрасните, и за промовирање на вклученоста на Ромите.

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола е дел од проектот Sasas Jekhvar Jekh. Once upon a time – and now. Sasas Jekhvar Jekh е Еразмус проект. Земјите партнери се Германија, Бугарија, Унгарија, Србија, Романија и Грција.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »