Press "Enter" to skip to content

Илија Димовски од Битола втор во категорија до 17 години на “Balkan pool tour“

Минатиот викенд во Лозница, соседна Србија се одржа силен меѓународен турнир во јуниорска конкуренција, “Balkan pool tour“ на кое зедоа учество натпреварувачи од бившите ЈУ републики. Организаторот на овој турнир клубот Балканик од Лозница има 32 маси и е најголем во Европа.

Се играше Американски пул билјард дисциплина “9-ка“ на точка и разбивање од “Box“, без “dry break“ во три старосни категории и тоа У13, У17 и У19.  Македонија беше претставена од Илија Димовски од Битола кој што го освои високото второ место во категорија до 17 години.

-Со сигурна, технички дотерана и убава за око игра Димовски сигурно стигна во финалето каде тесно изгуби од противникот инаку јуниорски првак на Србија. Ова беше дебитантски настап и целта беше да се отиде за да видиме до каде сме стигнати и дали тоа што го работиме е она вистинското. Наидовме на позитивни критики од Митја Градишник, Вања Хоџиќ и секако Сенад Пеливановиќ, тренер од чија школа излегле европски и светски прваци во јуниорска конкуренција и актуелен европски првак во дисциплина 10-ка, вели Горан Думевски, тренер и додава:-Илија има само 14 години и дека за толку кратко време на тренажен процес има толку технички изработен удар. Секако тоа ни е само поттик да продолжиме понатаму со уште појак интензитет на тренинг.

Инаку, “Balkan pool tour“ е идеја на Сенад Пеливановиќ од Сараево, Мартин Мартиновиќ од Чачак и нашиот сограѓанин Владимир Илиевски. После долга борба но со јасна визија овој турнир стана најпрво еден вид првенство на екс Југославија но со текот на времето наиде на одзив и кај многу јаки играчи од Балканот но светски познати играчи. Кога идејата стана веќе квалитетен производ тоа го препозна “Спорт клуб“ и турнирите се пренесуваа на тој канал.Добивајќи се повеќе на гледаност не остана незабележано и од Емили Фрејзер, светски позната жена билјард играч, а во моментов најдобриот и најуспешниот светски промотор со нејзината платформа “Matchroom pool“ прави да американскиот пул билјард да го добие своето место во медиумскиот простор добивајќи неколку кратно повеќе на гледаност. Од оваа година “Balkan pool tour“ е дел од “Matchroom pool“ и на овие турнири се рангираат играчите. Турнирот на кого Илче го направи досега најголемиот успех што некој Македонски играч го направи е дел од овој турнир. Овие турнири ги води и ги суди Владимир Илиевски од Битола кој што цело време беше со битолчани и надвор од турнирот и направи тие да се чувствуваат како дома.

More from ВестиMore posts in Вести »