Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: за два месеци поднесени кривични пријави за 17 сторители за тешки кражби, сообраќајка помеѓу автомус и “пасат“, каснување од куче скитник

На подрачјето на Битола за периодот од првите два месеца оваа година по член 236 „Тешка кражба“ од КЗ на подрачје на Битола поднесени се вкупно 38 кривични пријави против 17 сторители. Најчесто пријавените тешки кражби се извршени во визби, помошни простории, магацини и подруми… Од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршени биле 6 претреси во домови и други простории, при што лишени од слобода и приведени во полициска станица биле 7 лица. Кај нив се пронајдени и одземени разни украдени предмети и вратени се на сопствениците.

На 02.04.2023 во 14.21 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул. „4 Ноември“, ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ и ул. „Влатко Миленковски“ во Битола  се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со битолски регистарски ознаки, 57 годишно лице од Битола и автобус „неоплан“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 54  годишник од Битола, во кој имало 44 патници. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

На  02.04.2023 во СВР Битола, Б.М.М. (44) од Битола пријавила дека во Битола била касната од куче скитник.

 

More from ВестиMore posts in Вести »