Press "Enter" to skip to content

“Стрежево“ додели финансиска помош на деца со аутизам

По повод 2 април – Меѓународниот ден на лицата со аутизам, одржавме средба со претставници на здружението на деца со аутизам “Рилука“ од Битола.

-“Стрежево“ како опшествено одговорно претпријатие додели финансиска помош на 21 дете со аутизам, за да помогне во секојдневното справување на овие семејства со предизвиците кои ги носи канеровиот синдром. Со здружението “Рилука“ се договоривме да помогнеме со финансиски средства за опремување на просториите на здружението, а со цел да придонесеме во процесот на инклузија на дечињата заради непречено одвивање на нивните едукативни активности, рече директорот на “Стрежево“, Менде Граматковски, и додаде:-“Стрежево“ повикува заложба на нашето општество да биде недискриминација и максимална социјална инклузија на лицата со аутизам заради поддршка и подобрување на квалитетот на нивниот живот, 

-Да помогнеме сите преку спојување по една коцкичка од мозаикот на животот на лицата со аутистичен спектар на нарушувања за да создаваме подобар свет за овие лица и нивните семејства, порачуваат вработените во ЈП “Стрежево“, кои со сето срце ја даваат оваа помош.
More from ВестиMore posts in Вести »