Press "Enter" to skip to content

Трибина “Еден свет за сите“ за подигнување на јавната свест за аутизмот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола

Во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, по повод одбележување на 2. април, Светскиот ден за подигнување на јавната свест за аутизмот беше одржана интерактивна трибина под мотото “Еден свет за сите“. 

Трибината на која се говореше за комуникацијата кај деца со аутизам, образованието и аутизмот, родителството и аутизмот ја организираа Комисијата за труд, социјална политика, демографија и родови прашања, Комисијата за образование, Унијата на жени и Унијата на млади сили ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.Заклучоците кои беа донесени на оваа трибина се јавната свест за аутизмот во Македонија се уште е на ниско ниво, децата со аутизам недоволно и ненавремено добиваат стручни третмани, недостасува раната детекција, дијагностика и ран третман на децата со аутизам, родителите се уште се изложени на големи финансиски трошоци заради потребата од стручен третман и посебен режим на исхрана кај децата со аутизам, подготвеноста и условите за успешното спроведување на целосната инклузија се на многу ниско ниво, потребно е формирање на повеќе тимови за спроведување на МКФ проценка за секој регион, лицата со аутизам во нашата држава имаат голем проблем со пазарот на труд.

Исто така на трибината беа дадени и многубројни предлози за успешно справување и решавање на проблемите и предизвиците за децата и лицата со аутизам за кои ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе се заложи да ги имплементира и реализира.

More from ВестиMore posts in Вести »