Press "Enter" to skip to content

ЈП “Стрежево“: известување за периодот на забрани за риболов на акумулација “Стрежево“ за 2023 година

ЈП “Стрежево“ од Битола известување за периодот на забрани за риболов на акумулација “Стрежево” за 2023 година во кое се вели:

-Се забранува риболовот во периодот на природен мрест на рибите по одделни позначајни видови на риби:

-Сом од 15.04 до 15.06.2023 година,

-Крап од 05.05 до 15.06.2023 година,

-Клен од 15.05 до 15.06.2023 година и

-Пастрмка од 01.10 до 31.01.2024 година.

Забраните ги донесува концесионерот врз основа на Решение издадено од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во согласност со Риболовната основа и Годишниот план за заштита и стопанисување со рибниот фонд на акумулација “Стрежево“ за 2023 година.

More from ВестиMore posts in Вести »