Press "Enter" to skip to content

Расчистена кражба, приведен крадец, одземеното вратено на приватната фирма од каде крадел

На 03.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола го лишиле од слобода 62 годишникот од село Крклино,битолско.

При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба”, кое го извршил во објект на приватна фирма во периодот од 01.04. до 03.04.2023.

Тој бил задржан во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветна кривична пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »