Завршија и активностите во рамките на проектот “Активно учество во поттикнување на дигиталната писменост кај младите од ранливи категории“. Општата цел на проектот беше развој на дигиталната писменост преку развивање на дигиталните вештини кај младите од ранливи категории.
Проектните активности беа во форма на консултативно-партиципативен процес со што се спроведе: теренско истражување, креирање и функционирање на меѓусекторска работна група, работилници и консултативни форуми, обука за развој на дигитални вештини за млади Роми, изработка на стратешки документ за усвојување од страна на локалната самоуправа. Во активностите беа вклучени 25 млади Роми и не-Роми од 13-30 години. Овој проект отвори и перспектива за развивање проект за соработка и партнерства со други држави за да се поттикне и развие дигиталната писменост кај младите од ранливи категории и да се прошири влијанието на регионално, национално или европско ниво.
Како дел од активностите корисници беа и едукативните работилници на “Сумнал“, а се одржаа вкупно 5 едукативни работилници во рамките на проектот. После првата работилница во ноември посветена на здравјето и крвниот притисок, на последната работилница, нашите корисници се дружеа со Магдалена Mаневска, раководител на служба за персонално банкарство, дигитални сервиси и самоуслужни продукти во Стопанска банка АД Битола.
Таа ги запозна нашите корисници со банкарските проедукти и услуги поврзани со отварање на трансакциски сметки и нивно следење, начини на плаќање, вклучително и користењето на платежните картички, достапни кредитни услуги и процедури за добивање на кредит, депозити, а особено се осврна на е-банкарството со што корисниците можат да ја следат состојбата на својата сметка онлајн преку телефон или компјутер.

“Сумнал“ го заврши проектот дигитална писменост, продолжи со работилниците со експерти
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во завршна фаза на изградба е новата боксерска сала
- Универзитетска летна пракса 2026
- СВР Битола: 6 годишно дете тешко повредено на електричен тротинет, приведување за марихуана и приведувања за возење без возачка и возење во забранета насока
- Убиство во Битола, сопруг ја убил 31-годишната жена во населбата Баир
- Во Битола попаднево услови за дожд





