Press "Enter" to skip to content

Контроли во три “отпади“ во Битола, не поседувале никаква документација и не биле правни лица

Вчера Секторот за внатрешни работи Битола, криминалистичката полиција при СВР Битола и Надворешните канцеларии за криминалистички работи во Прилеп и Ресен во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контроли на повеќе локации во Битола, Прилеп и Ресен каде се врши трговија со отпад. 

Во Битола била извршена контрола на три локации во населба „Баир“, кои ги користат три лица од Битола на возраст на 41, 44 и 46 години, сите од Битола, при што било констатирано дека не поседуваат никаква документација и дека немаат регистрирано правно лице за вршење на дејноста. 

Во Прилеп била извршена контрола во складишта во с.Мало Коњари, во с.Селце и на плац на ул.„Гостиварска“ во Прилеп. При контролата, исто така, било констатирано дека лицата вршеле дејност без регистриран правен субјект. 

И во Ресен биле извршени контроли на две локации на кои се вршел откуп на отпад. Притоа, било констатирано дека лицата не поседуваат никаква документација за дејноста која што ја вршат и немаат регистрирано правно лице за вршење на дејноста. 

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

More from ВестиMore posts in Вести »