Press "Enter" to skip to content

Концерт на Камерниот оркестар на Битола “IWConnect“ посветен на нашиот сограѓанин Јонче Христовски (видео + фотогалерија)

Синоќа во Големата сала на Центарот за култура во Битола, се одржа одличен концерт на Камерниот оркестар на Битола “IWConnect“, кој битолската публика, која ја исполни салата до последното мест  долго ќе го памети.Битолчани се присетија на едно време, на еден музичар, нашиот сограѓанин, Јонче Христовски, кој повозрасните битолчани се уште го паметат од Јени Маале, боем, кој оставил голема трага во македонската и битолската музика.

Синоќа се одржа првиот од двата концерти посветени на македонскиот музички доајен Јонче Христовски, а настапи Камерниот оркестар на Битола, се одржа под диригенство на Владимир Димовски.На концертот настапија Виолета Томовска, Ристо Самарџиев, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Петар Младеновски (Суперхикс) и Агни Авшар.Гостите на Камерниот оркестар исполнија хитови во кои обожаватели на ликот и делото на Јонче Христовски  уживаа во изведбите на “Едно име имаме“, “Македонско девојче”, “Ако умрам ил загинам”, “Ај засвирете ми чалгии”, “Битолчани мераклии”… додека во позадина го гледаа видеото на Гоце Веселиновски, специјално подготвено за овој концерт.Честа да зборува за великанот на македонската музика му припадна на Ристо Самарџиев, кој нагласи дека име чест да се дружи со Јонче, а посебно му е мило што исполнува песни кои ги има на плочата која ја има од тоа вреќе, со посвета на Јонче.

-Пренесовме само дел од она огромно творештво, што овој великан на македонската музика го има создадено низ годините. Се надеваме дека тоа ќе успееме да го реализираме барем во некој дел, и драго ми е што за првпат на еден ваков начин, со камерен оркестар, со 40-тина музичари на сцената ќе прозвучат неговите легендарни композиции. Има идеја за споменик на Јонче Хростовски, кој јас би сакал да биде во неговото Јени Маале. Тој има важна нота во песните со која истовремено можеме и да тагуваме и да заиграме, рече Самарџиев.Инаку, нашиот сограѓанин, Јонче Христовски  беше композитор, текстописец и интерпретатор  со неверојатна харизма. Роден во Битола, на улица “Брегалница“ во Јени Маале во Битола, настапувал со сите македонски пејачи од тоа време, во Македонија и во странство, каде секогаш бил наградуван со непрекинат аплауз.Вториот концерт “Јонче Христовски Симфонија”  ќе се одржи вечерва  во Скопје, во Националната опера и балет.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »