Press "Enter" to skip to content

Јовиќ задоволен од победата, вети дека битолската публика никој нема да ја изневери!

Тренерот на Еурофарм Пелистер од Битола, Александар Јовиќ, на задолжителната предс конференција по натпреварот против Татран, задовол од победата кажа само пофални зборови за ограчите, а им се заблагодари на битолчани за поддршката и испрати голема молба до нив.

-Имавме одличен ангажман во фаза на одбрана, бевме агресивни, ги затворивме сите нивни акции, што ни донесе лесни голови во транзиција. Голема благодарност до играчите за ангажманот и желбата за победа што ја покажаа против квалитетниот ривал. Исто така, сакам да искажам благодарност до публиката што дојде во толкав број. Но, би сакал да ги замолам и да им кажам дека нам во овие два месеци ни се потребни сите играчи. Многу ја сакам Битола, го сакам и клубот и мислам дека оваа сезона имаме голема шанса да ги оствариме сите цели. Затоа би ги замолил сите во овие два месеци да се сплотиме, да бидеме една целина, бидејќи само така можеме да ги оствариме целите. Нам Хосни ни е потребен како играч и само заеднички можеме до успех. Моја молба до публиката е да ни даде поддршка и јас ветувам дека нема никој да ја изневери, рече Јовиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »