Press "Enter" to skip to content

Во прекрасна атмосфера, во пет сета, одбојкарките во Битола победија во двомечот на баражот против Вардар (мегафотогалерија)

Пелистер Волеј – Вардар Ем 3:2

(29:27; 23:25; 16:25; 25:23; 15:05)

Синоќа во салата на Медицинското училиште во Битола се одигра првиот натпревар од баражот за пласман во Првата лига пред околу 1.000 љубители на одбојката и атмосфера која би ја посакал секој спортски колектив, а тоа им се случи на младите одбојкарки, кои возвратија на тоа со пожтрована игра во секој сегмент од играта. Девојки на Пелистер Волеј победи против екипата на Вардар од Скопје во еден неверојатен и тензичен натпревар, кој верувале или не траеше повеќе од два и пол часа, а се одигра максимални пет сета, како и што познавачите на одбојката очекуваа.Одбојкарките на Пелистер Волеј започнаа одлично го добија првиот сет убедливо, а вториот со само два поени го загубија. Следуваше криза во играта во третиот сет кој заслужено им припадна на гостите кои поведоа со 1:2 по сетови.Потоа младите одбојкарки со голем елан и борба направија пресврт во чествртиот сет за 2:2, а потоа доминираа во последниот петти сет кој го добија со 15:5 за победа.На трибините на кои немаше слободно место присуствуваа градоначалникот на Општина Битола  – Тони Коњанивски, претседателот на сојузот на спортови на Општина Битола господинот Сашко Павловски, а пред сите одбојкарите ветија дека вака ќе се борат и на реваншот, кој ќе се игра во сабота во Скопје, кога и ќе се реши кој тим идната сезона ќе игра во Првата лига. 

More from ВестиMore posts in Вести »