Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен битолчанец за напад на сопруга при престрес најдени растенија канабис и физички напад

На 05.04.2023, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 55 годишник од Битола затоа што физички ја нападнал неговата 37 годишна сопруга и затоа што при вршење на увидот во домот биле пронајдени и одземени четири саксии со насади од растението канабис. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 06.04.2023 во СВР Битола, Ѓ.Д. (48) од Битола пријавил дека на ул. „Широк Сокак“ во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »