Press "Enter" to skip to content

Франкофонски пикник во Битола

Месецот на Франкофонијата  којшто се слави низ целиот свет, со низа настани беше одбележан и во нашата земја којашто од 28 септември 2006 година е полноправна членка на оваа меѓународна асоцијација. Секако, не изостана ни одбележувањето во Битола.

Да го заокружи ова славење на  фрацускиоит јазик и култура и припадна на гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.  На 31 март во дворот на гимназијата учениците предводени од своите професорки по француски јазик подготвија „Франкофонски пикник“.Всушност, со песна, игри, танцување и вкусно подготвена храна од богатиот асортиман на француската и франкофонската кујна, се празнуваше онака како што  тоа го прават Французите и останатите франкофони во парковите и дворовите, низ шумите. На настанот присуствуваше и почесниот  конзул на Републија Франција, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

На овој начин, гимназијалците се придружија кон огромното семејство франкофони  кои ги одбележуваат традиционалните вредности на Франкофонијата. Преку  јазикот како заеднички именител, тоа се :  мир во светот, почитување на човековите права, промовирање и подобрување на образовните и културните политики, поддршка на младите ,  како и афирмација и заштита на културната и јазичната разновидност и солидарност.Во гимназијата „Јосип Броз Тито “ веќе низа години функционира француска билингвална паралелка. Гимназијата е поврзана со повеќе училишта во Франција и во тие рамки, учениците учествуваат во бројни проекти за размена. И, не само тоа. Се запшуваат и успешно студираат на француските универзитети и постигнуваат значајни успеси на бројните натпревари. Така се случи и оваа година.

Младата Евгенија Маслинко, ученичка од оваа гимназија преку Француската Алијанса од Битола  беше пријавена на натпреварот организиран од страна на Францускиот институт. На финалето на овој натпревар по изразно читање на француски јазик, одржано на 1 март во Скопје,  во категоријата средношколци и во конкуренција на учесници од целата земја, таа го освои првото место.

More from ВестиMore posts in Вести »