Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоција на четири книги од проф. д-р Златко Жоглев кои се наменети за најмалите. Прекрасната литература за деца преточена во четири книги проза: “Портокаловото човече“, “Зајко Бајко и кучето Трајко“, “Мечката и штркот“ и “Снаодливото јаренце“ беа промовирани пред преполната сала.Настанот го водеше проф. д-р Билјана Граматковски, а пред љубителите на пишаниот збор за книгите зборуваа проф. д-р Гордана Стојаноска и проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска кои во кратки црти дадоа осврт на книгите.Сите присутни, од најмали до највозрасни уживаа во интерпретацијата на стиховите од страна на студентките Димитра Десановска и Ивона Вурмевска од Педагошкиот факултет- Битола.Професорот Жоглев инспириран од својата мала внука Дениција ги креира овие книги во кои се сместени илустрации за секој што ја има книгата да може да ужива во читањето и боењето.
Проф. д-р Златко Жоглев промовира четири книги наменети за најмалите
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови
- Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска