Press "Enter" to skip to content

Денес и утре пролетен саем во “Ангромаркет“, производи по дисконт цени (фотогалерија)

-По одлично организиран првиот пролетен саем на “Ангромаркет“, на кој производите кои се продаваат со намалени цени кој ги нудат самите компании, денес и утре се одржува вториот.

-Покрај компаниите кои беа до сега новина на овој саем се штандот на “Нептун“, за свежо цвеќе и вештачка трева.По пандемијата и забрана за собири денес повторно компанијата “Ангромаркет“ го организира пролетниот саем на кој битолчани можат да набават рачен и електричен алат, градинарски производи, производи за уредување на градините, тенди, масо столици, телевизори и бела техника и други производи кои се продаваат со попуст, заедно со компаниите кои продаваат производи во нивните супер маркети и други компании.“Ангромаркет“ и компаниите се одлучија на нивните купувачи да им понудат нов начин на продажба, каде ќе можат да набават производи со големи попусти. Овој пролетен саем го организираат по втор пат ќе трае и утре, на платото пред ресторанот, на отворено. “Ангромаркет“ е компанија која во изминатите 20 години е позната по тоа што продава производи по одлични цени и има широк асортиман на производи, а та ќе го докаже и на годинашниот пролетен саем.На првиот пролетен пазар свои продажни места имаа компаниите “Синпекс“, “Makita“, “Wurth“, “Home ideja“, “Alfaplam“, “Max plus“, “Marmaris“, “Burdem“, “Agrina“ и други.За овој нов начин на продажба, од “Ангромаркет“ велат дека е предизвик кој веќе го имаат реализирано, а познати фирми и брендови се заедно со нав, а сево ова е примамливо за купувачите, а утре бидејќи е неработен ден очекуваат и поголема посетеност.-Ги имаме сите компании од првиот пролетен саем, а како новина овој пат е штандот на “Нептун“, како и продажните места за свежо цвеќе и вештачка трева. Треба да напоменеме дека имаме и голем број на производи за уредување на градини, балкони, тераси и други зелени површини, секако и мебел за на отворен простор, потенцираат од “Ангромаркет“.И битолчани кои ги најдовме тука, како пазаруваат велат дека одлично пазариле. Горан од населбата “Стрелиште“ кој  е редовен муштерија во “Ангромаркет“ ни рече:-Јас сум мерак по алати и купив неколку нови, кои ќе бидат замена за старите со коид долго време работам. Имам голем двор, тука од каршија“ и по консултациите дома, утре ќе купиме нешто да го доуредиме дворот.

За пролетниот саем да биде комплетен организаторите се потрудија да има и храна за купувачите и посетителите, ресторанот е летната бавча е целосно ставен во функција на гостите на саемот.  Покрај продажните штандови има и компании кои имаа дегустација на своите производи.

Текст и фото: С. Ристевски