Press "Enter" to skip to content

СВР Битола поднесе кривични пријави за неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис

Секторот за внатрешни работи Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во село Кравари, битолско и против 38 годишно лице од Битола, управител во правното лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело казниво по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.  

На 30.03.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, извршиле претрес во правното лице во с.Кравари, при што биле констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис.  

СВР Битола, исто така, поднесе кривична пријава и против две лица од Албанија на возраст од 51 и 26 години со привремен престој во Битола, и две лица на возраст од 26 и 58 години  од Битола, првопријавениот сопственик, а другите двајца вработени во истата фабрика за производство на масло од канабис, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“,  казниво по член 215 од Кривичниот законик.  

На 30.03.2023 тројцата организирале и изнеле две вреќи со 4 килограми марихуана од фабриката. Имено,  по изнесувањети дрогата ја ставиле во патничко возило, но набргу биле запрени и приведени од полициски службеници. Во врска со случајот, судија на претходна постапка на едно лице му одредил мерка притвор од 30 дена.

More from ВестиMore posts in Вести »