Press "Enter" to skip to content

Совети за спортисти: нутритивен пристап соодветен за секоја ситуација

Различни услови и цели укажуваат на потребата на спортистите да се осигураат дека нивниот спортски нутритивен пристап е соодветен за нивната ситуација. Фактори коишто можат да влијаат на нутритивните потреби на еден спортист вклучуваат вид на физичка активност (аеробна наспроти анаеробна), пол, телесна маса, висина, индекс на телесна маса, тренинг или фаза на активност (пред почеток на тренинг, за времетраење на тренинг, за време на одмор), во кој временски период од денот.

На пример некои нутриенти телото поделотворно ги искористува за време на спиењето наместо кога сме будни). Најголемиот дел “виновници“ кои што застануваат на патот на добрите перформанси се заморот, повредите и воспаленоста на мускулите.

Правилната исхрана ќе ги намали овие непријатности при перформансот. Најважно е да се снабди телото со разновидна исхрана, со сите макронутриенти, со витамини и со минерали. Според статијата на Елбере (2008 година), оптимално е да се избере сурова, непреработена храна како што се на пример портокалите наместо амбалажираниот сок од портокали.

Избирајќи храна којашто е природна значи дека спортистот го снабдува својот организам со максималната нутритивна вредност на храната. Кога храната е индустриски преработена, тоа нормално подразбира дека нејзината нутритивна вредност се намалува.