Press "Enter" to skip to content

“Сумнал“ од Битола со настан “Биди и ти како“ го одбележа Меѓународниот ден на Ромите (фотогалерија)

Синоќа во Битола здружението за развој на ромската заедница “Сумнал“ по повод 8-ми Април, Меѓународниот ден на Ромите, одржа настан насловен “Биди и ти како…“ кој се одржа вчера во кафе-бар “Порта Џез“, на кој присуствуваа млади од ромска и не ромска националнос, а мора да напоменеме кои одлично се дружат, школуваат и соработуваат на разни проекти.На настанот учествуваа успешни млади Роми кои придонесуваат во нашиот град и претставуваат примери за сите млади од ромската заедница и останатите заедници од нашиот град, а гости беа млади од сите средни училишта од нашата општина.За време на настанот, претседателката му врачи благодарница за особен придонес кон развојот на ромската заедница во Битола на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој рече:-Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, а ова за мене по напорниот работен ден во Општината ова за мене е вистински начин да го продолжам работниот дел, со млади лица, со Фатма, со други лица. Сакам да порачам од тука на сите млади кои сте тука, дека овие млади Роми од нашиот град, постигнаа многу, а сето тоа со многу работа и труд, па затоа немојте да се откажувате, немојте на првата препрека да застенете… Вие сте наши сограѓани, кои јас како градоначалник посакувам да останете во Битола, да не го напуштите родниот крај.Настанот овозможи мнозинството да ги запознае своите сограѓани стекнувајќи нови пријателства и промовирјаќи успешни примери за соживот и почит кон различните заедници и култури кои живеат во нашиот град. Преку следењето на излагањата и дружењето се направи уште еден чекор кон придонесот за соживот, рушење на предрасудите и стереотипите и активно младинско граѓанско учество.Модератор на настанот беше Фатма Бајрам Аземовска, која го раскажа својот пат да биде дел рабортниот колектив во Библиотеката, како се одвивало нејзиното школување и надоградба, како се снаоѓа со невладината организација.-Сакам на овој ден, Меѓународниот ден на Ромите сите кои сте тука да се охрабрам да ги следите вашите соништа. Вие сте млади лица кои треба да се школуваат, како тоа што го направиле овие кои се ќе ни се обратат, кои се школуваат и се наметнуваат во бизнисот. Сакаме сите да ве мотивираме, преку позитивни примеро, да ги тргнеме предрасудите за Ромите и да покажете дека сте рамноправни во граѓанското општество.Сите говорници Роми и не Роми кои беа говорници на настанот, ја кажаа својата лична приказна, за тоа од каде доаѓа мотивацијата, со кои проблеми се среќаваат и како го решаваат, и не ја пропуштија приликата како тое рекоа “организацијата на Фатма“  Сумнал, и лично неа да ја пофалат за работата и за помошта и мотивацијата која таа им ја дава. “Сумнал“ додели бчагодарници на сите присутни говорници, училишта, соработници и поддржувачи на работата на “Сумнал“.Атмосферата беше збогатена со прекрасниот глас на Анастасија Трајковска, ученичка во СОУ„Јосип Броз Тито“ придружена од нејзините пријатели Ева Тодоровска и Мартин Петковски кои заедно го сочинуваат бендот „Мазно, ама не е“.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »