Press "Enter" to skip to content

Вечерва во Народен театар Битола премиера на претставата “Ако останеш дома“

Вечер на сцената на Народниот театар во Битола актерите на оваа културна институција  Јулијана Мирчевска и Васко Мавровски на матичната сцена премиерно ќе ја одиграат претставата “Ако останеш дома“, драма во еден чин работена по мотиви на оригиналот на Карој Сакони.

Претстава, драма во еден чин, зборува за отуѓеноста на луѓето,  истакна во пресрет на вечерашната премиера, а станува збор за трагикомедија, психолошка драма.

На почеток на прес-конференцијата се обрати директорот на НТ Битола, Иван Јерчиќ, кој рече претставата тешко е да се смести во некој жанр, но најблиску би била трагикомедија со елементи на психолошка драма која вплеткува елементи на гротеска, се отвораат теми за кои во време на општа дехуманизација е нужно да се проговори и е претстава во која се надевам дека публиката ќе ужива и која се гледа во еден здив и верува дека ќе биде гледана.-Во претставата ќе се препознаат младите и тоа е првиот квалитет за оваа продукција, а вториот момент е инспириран од секојдневите, од тоа што му се случува на народот кој повеќе од 30 години незадоволен и несреќен. Народот е сиромашен, а сиромаштијата предизивикува лоши состојби кај човекот. Духот кај народот е опаднат скоро 30 години и затоа ние со претставата сакаме да го срушиме тој т.н. “четврт ѕид“, рече меѓудругото режисерот Јован Ристовски.

-Ние сите го живееме својот живот, во трка по егзистенционални добра, во трка по она што ни го наметнува општеството, забораваме кои сме, забораваме кој е до нас, забораваме колку е важен тој до нас, нагласи Мирчевска, додека актерот Васко Мавровски посочи дека толкува лик, жртва на општетсвото.

Сценограф за претставата е Валентин Светозарев, а костимите ги подготви Благој Мицевски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »