Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со рутунска победа над Бутел во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Бутел 26:18 (15:11)

Екипата на Еурофарм Пелистер во рамките на 8. коло од плеј-офот од Супер ракометната лига во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ го победи Бутел во рутински натпреварсо 26:18, полувреме 15:11. По оваа победа “пелистерци“ влегуваат во фаза во која треба да играат два натпревари според кои ќе се одлучува за титула.Отворањето на натпреварот започна изедначено, а така беше и резултатот 5:5, а потоа пелистерци“ заиграа посериозно и стигнаа до 8:5. Оваа предност домаќините ја одржуваа постојано, а на одмор се отиде со +4 (15:11).

Второто полувреме започна неочекувано за “пелистерци“, во 36. минута црвен картон доби Сревановиќ, поради груб страрт. Неговото неиграње не влијаеше на играта, а Јовиќ и Шундовски рутински го завршија натпреварот со убедлива победа од 23:15.Најефиксен кај Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со 8 постигнати гола, а Танковски постигна 4 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »