Press "Enter" to skip to content

Здружението “Ромска ѕвезда“ на “Магнолија“ во Битола го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

Денес, точно напладне во организација на Здружението „Ромска ѕвезда“ од Битола, на плоштадот “Магнолија“, се одржа културно – забавна програма со голем број учесници. Настанот го отвори, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, испраќајќи искрени честитки до ромското население и посакувајќи уште многу заедничка и успешна соработка во повеќе области:-Ми претставува чест и задоволство да го честитам Меѓународниот ден на Ромите, а со овие настани го потврдуваме она што со години го промовираме, дека Битола е мултикултурна, мултиконфенсионална, дека во Битола, пријателите и луѓето не ги делиме ниту по боја, ниту по политичка припадност. Имаме свои пријателства уште од рано детство, но и нови кои секојдневно ги стекнуваме.Како општина, правиме се да ги подобриме условите и за овие наши сограѓани, како во делот на инфраструктурата, така и во делот на образованието, да спречеме сегрегација и меѓусебни поделби, односно, она што мојата генерација го имаше некогаш, да се биде со своите другари во исто одделение, тоа треба и понатаму да го промовираме, зошто само заеднички можеме градот да си го промовираме во најдобро светло“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, испраќајќи искрени честитки по повод Меѓународниот ден на Ромите.Општина Битола, во рамките на повеќе проекти и во соработка со повеќе здруженија, овозможува поддршка за различни активности и проекти, меѓу кои се и: реновирање на домаќинства на ромското население, ангажирање на тутори за поддршка на ученици Роми, како и поддршка за дооформување на средното образование на возрасни лица – Роми.

More from ВестиMore posts in Вести »