Press "Enter" to skip to content

Одбојкарите не успеаја во баражот, поради послаба сет-разлика не се пласираа во Прва лига

Вардар Ем – Пелистер Волеј 3:0

(25:10; 25:23; 25:19)

Сениоркста екипа на Пелистер Волеј од Битола не успеа преку двомечот од баражот да се пласира во Првата одбојкарска лига, во реваншот во Скопје се поразени од домаќинот Вардар. Во Битола победија 3.2, а во Скопје се поразени 0:3, и поради подобра сет разлика остануваат второлигаши.

Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, по завршувањето на натпреварот ни рече:

-Денес загубивме во натпревар во кој домаќинот не надигра во првиот сет, одигравме неизвесен втор сет 23:25, а во третиот игравме издначено до 19:19 што никако не беше доволно и Вардар Ем заслужено останува во првата државна лига.

За битолчанки голем хендикеп беше тоа што техничарката Михаела Цветановска која повторно заработи повреда на коленото и тоа во завршницата на првиот натпревар, не успеавме да ја рехабилитираме, но и многу сегменти од играта на останатите играчи не беа на посакувано ниво што само е реален одраз на денешниот резултат.

More from ВестиMore posts in Вести »