Пред 10 години на локалните избори за Совет и градоначалник на Битола, тогаш актуелниот градоначалник, Владимир Талески ја доби довербата на битолчани и во наредните 4 години да биде градоначалник на Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Талевски беше кандидат, по трет пат, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија“, а победата ја потврди во вториот круг на изборите за градоначалник, пред својот противкандидат од СДСМ и коалицијата “Сојуз за иднината“, Менде Диневски.
Талески извојува убедлива победа, освојувајќи дури 27.424 гласови, а очигледно задоволен од убедливата победа, старо-новиот градоначалник на Битола, во обраќањето кога беа соопштени првите резултати рече дека неговата победа е победа на резултатите и делата кои тој, заедно со локалната самоуправа, ги реализира во своите два мандати.
Иако деновите пред изборите имаше големи врнежи од дожд, кој врнеше и на денот на изборите, сепак голем број на граѓани дојдоа во штабот на Талески, а потоа се упатија на плоштадот “Гоце Делчев“.
Талески имаше голема разлика и во првиот криг, но неважечките ливчиња, кои во Битола ги имаше вкупно 2.199, го пролонгираа изборот на Талески.
Независни кандидати за градоначалник беа оран Лазаревски – Паљото, кој имаше 2.060 гласови, холивудскиот актер Јорго Огненовски освои само 409 гласови, литературниот критичар Љубомир Груевски и кандидатот на СДУ Ѓоко Дамевски кој освои само 101 глас.
Коалицијата “За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство во Советот на Општината Битола која освои вкупно 17 советнички места, а Коалицијата “Сојуз
за иднината“ освои 14 советнички мандати. Советот на општината го гласаа вкупно 54.928 гласови, од кои 54.257 беа важечки, а 2.745 неважечки. За Коалициајта “За подобра Македонија“ гласаа вкупно 26.541 глас, а за Коалицијата “Сојуз за иднината“ гласаа 21.818 гласачи.

Деновиве пред 10 години: трет мандат на Владимир Талевски за градоначалник на Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Болдер ѕид за качување со трибина за детски и младински активности
- Пионерската екипа на Пелистер шампион на Македонија (фотогалерија)
- Состанок на Централниот одбор на ПОДЕМ
- СВР Битола: приведени три лица за поседување марихуана, 58 санкции за брзо возење
- Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)