РК Еурофарм Пелистер од Битола ја информира јавноста дека потпиша нов двегодишен договор со ракометарот Павле Петровиќ. Десниот бек, е веќе третата сезона трета сезона во Битола и го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2, а овој пат се обврза на договор до 2025 година и од сезоната 2023/24 ќе настапува за Еурофарм Пелистер.23-годишниот интернационалец од Босна и Херцеговина се наметна со своите игри и како дел од процесот за развој од следната сезона ќе настапува за Еурофарм Пелистер.
-Тука сум веќе некое време и задоволен сум и од градот и од луѓето, исто така и од управата на клубот. Задоволен сум како се работи. Што се однесува до новиот договор со Еурофарм Пелистер, ова е нов предизвик во мојата кариера. Мене ми преостанува да дадам сè од себе, да се покажам во најдобро светло, да работам на себе и се надевам резултатите ќе бидат видливи. Имав неколку шанси да заиграм за Еурофарм Пелистер, но не завршија добро за мене. Но, сега е нова прилика и се надевам дека ќе се изборам за место во тимот, рече Павле Петровиќ по официјализирање на договорот.

Павле Петровиќ со нов договор, од наредната сезона во Еурофарм Пелистер
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)