Press "Enter" to skip to content

Победа на кошаркарите на Пелистер за заверка на второто место (фотогалерија)

Пелистер – ТФТ 92:69

Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола го совладаа ТФТ Mozzart со резултат 92:69 одигрувајќи убедлив натпревар, во кој ниту еден момент не дозволија резултатски да бидат изненадени, а победија за четврта по ред победа во Првата кошаркарска лига. Пелистер беше подобра екипа во првото полувреме. Од самот почеток “пелистерци“ го наметнаа својот препознатлив стил на игра, пред се, доста ефикасен, со доста реализации. Поведоа со 14:8, потоа и 16:11, а потоа следуваше израмнување на 16:16. Првата четвртина за заврши со 25:18.   На стартот на втората четвртина беше +10 за Пелистер (28:18), а потоа и +12 (32:20). ТФТ направи серија од 10:0 за (30:32), а дојдоа и само на -1. на одмор се отиде со 44:40.Во третата четвртина “пелистерци“ одржува разлика од 7,8,9 кошеви, а во последната се влезе со +11 за домаќинот 68:57. Во четвртината број 4, Пелистер имаше и 79:62, а тоа беше потврда на победата, а скопјани немаа шанси за нешто повеќе од чесен пораз од 92:69.Најефикасен играч на мечот беше Сеад Хаџифејсовиќ со 21 поен. Со оваа победа Пелистер го осигура второто место со скор 17:4.

More from ВестиMore posts in Вести »