Но НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се одржа втората работилница од проектот “Биди свој! Креативни програми за сите возрасти“ насловена “Како до убава фотографија“.На работилницата учествуваа ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“-Битола, ученици од ОУ “Коле Канински“, ученици од СОУ Гимназија “Јосип Броз Тито“ и претставници од невладиниот сектор.Се за историјата на фотоапаратите, за развојот на фотографијата, за видовите на фотографија и како да до поубава фотографија зборуваше нашиот гостин фоторепортерот, Сашо Ристевски, сопственик – главен и одговорен уредник на порталот “bitolanews“.Пред љубителите на фотографирањето тој покажа различни техники и начини како да се стигни до поубава фотографија, како да се одреди целта на фотографијата и како да ги доловиме вистинските моменти кои ќе останат вечно на една фотографија.На прашањето како до убаво селфи и за уште многу други прашања можеа да слушнат одговор од гостинот.Оваа работилница е дел од проектот кој “Биди свој! Креативни програми за сите возрасти“ и е поддржан од Министерството за култура, а ја реализираа Маријан Колевски и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски.
Во Библиотеката во Битола работилница од проектот “Биди свој…“ – “Како до убава фотографија“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови
- Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска