Но НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се одржа втората работилница од проектот “Биди свој! Креативни програми за сите возрасти“ насловена “Како до убава фотографија“.На работилницата учествуваа ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“-Битола, ученици од ОУ “Коле Канински“, ученици од СОУ Гимназија “Јосип Броз Тито“ и претставници од невладиниот сектор.
Се за историјата на фотоапаратите, за развојот на фотографијата, за видовите на фотографија и како да до поубава фотографија зборуваше нашиот гостин фоторепортерот, Сашо Ристевски, сопственик – главен и одговорен уредник на порталот “bitolanews“.
Пред љубителите на фотографирањето тој покажа различни техники и начини како да се стигни до поубава фотографија, како да се одреди целта на фотографијата и како да ги доловиме вистинските моменти кои ќе останат вечно на една фотографија.
На прашањето како до убаво селфи и за уште многу други прашања можеа да слушнат одговор од гостинот.
Оваа работилница е дел од проектот кој “Биди свој! Креативни програми за сите возрасти“ и е поддржан од Министерството за култура, а ја реализираа Маријан Колевски и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски.

Во Библиотеката во Битола работилница од проектот “Биди свој…“ – “Како до убава фотографија“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Раде Христовски, Гувернер на Ротари Дистриктот 1912 (Македонија и Словенија): Ротари заедницата со посветеност и визија 118 години го подобрува светот
- Во Битола променливо облачно, од пладневните часови можност за нестабилност
- Гимназијата “Јосип Броз Тито“ и ОУ “Св. Климент Охридски“ најдобри во училишниот спорт во Битола (фотогалерија)
- Соработка на ЈКП “Водовод“ од Битола и “D.E.Y.A.F“ од Грција
- ЈП “Паркинзи“ Битола: вовчето “Мечо“ од утре промотивно ќе вози низ Градскиот парк
More from КултураMore posts in Култура »
- Свечено отворено 5. издание на меѓународниот натпревар по пијано, пијано дуо и соло пеење “Пијанофест“ (фотогалерија)
- Современата бајка “Пепелашка“ на Националната опера и балет ја воодушеви публиката во Битола (фотогалерија)
- Во Битола започнува 5. издание на меѓународниот натпревар “Пијанофест“
- Центарот за култура ќе распише конкурс за монодрамски текст
- 15. издание на “Бит фест“ се отвора со “Вива Верди“ со повеќе од 130 учесници во Хераклеја