Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со убедливо победа над Тартан и пласман во “Ф4“ на СЕХА лигата

Татран Прешов – Пелистер 26:36 (10:20)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола победи во Прешов и обезбедија пласман во следната фаза од регионалното натпреварување, а тоа е Ф4 на СЕХА лигата во Задар. “Пелистерци“ без никакви проблеми на реванш дуелот во четвртфиналето од СЕХА лигата го победија Татран Прешов со обедлива победа од 26:36, полувреме 10:20.

Натпреварот започна со 1:0 за домаѓинот, но потоа следуваше серија од пет гола на “пелистерци“ за 1:5, а погодуваа Костески и Петар Атанасијевиќ. Јовиќ постави цвртса одбрана, а домаќините не можеа да ја намалат разликата. Еурофарм Пелистер имаше +7  (2:9)  и од минута во минута ја зголемуваа предноста, а на полувремето заврши со 10:20 за Еурофарм Пелистер.

И второто полувреме како и првото, Еурофарм ја задржа разликата од десетина голови. Во 40. минута водеше 16.24, а во 47. минута Радовиќ доби црвен картон поради груб старт. Голманот Бобан Ристовски, како и Кизиќ во првиот дел имаш добри одбрани. Завршницата на натпреварот беше повторно со +10 за битолчани (21:31), за крај и пласман понатаму со 26:36.

Најефикасени во редовите на Еурофарм Пелистер беа Ненад Костески со 11 и Дарко Стевановиќ со седум погодоци.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »