Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Што ќе речат (кажат) луѓето?

Реакции на “Што ќе речат луѓето“–  причина за погрешно трошење или губење време

Кај си, што има?, Како си, што работиш?, Има ли нешто ново кај тебе?  , Го гледаш ти ова?, И како го сфаќаш?, Зошто си нерасположен?, Кој те изнервира ?, Дали дипломира, за она што студираше?, Или ми се чини дека паузираше, Дали си купил нов телефон (колку  чин, и Колку меморија има?, Дали е ова твоја нова кола (дизел или бензинец)?, Кога се жениш, мажиш (кажи ми да можем мирно да спијам),  Имаш ли деца?, Ако немаш, па што чекаш веќе што не го решиш тоа, Што и каде работиш?, Колку ти е платата?, Имаш ли кредит?, Каде живееш?, Дали си на Фб?,  Кој ти е профилот?, Имаш ли и некое кило повеќе?….

Ова се зборови од песна, но од  реалниот живот. Најчесто усмерени прашања, кои може да не збунат, не доведуваат во ситуација да се правдаме… пробудуваат емоции, непријатни или пријатни).

Во нашите социјални контакти со другите, вообичаено се поставуваат, прашања… Но, како ние реагираме на истите? Луѓето вообичаено се (или сме) чувствителни на овие прашања кога не се (сме) задоволни од одговорите на истите.

Најчесто се јавува во моменти кога се чувствуваме несигурно и го губиме чувството на  внатрешна вредност. Но и кога не сме засегнати од истите, не е пријатно да се чувствуваш како предмет на радозналост.

Реакции на “Што ќе кажат луѓето“–  причина на  погрешно трошење или губење време.

Да се биде обзирен и културен кон другите е прекрасна особина. Исто така, да се биде човек значи да се грижиш што другите мислат за вас. Но, да се биде загрижен за тоа што ќе кажат луѓето кога донесуваме одлуки за себе, кога нешто правиме, твориме е губење на време. Размислете што Ви е важно. Нека тоа ве води за да не ве блокира грижата за туѓото мислење. Луѓето секогаш ќе имаат свое мислење. Баш затоа можете мирно да ги реализирате своите сништа и намери.

Мислењето на другите

Не можеме секогаш да се одбраниме од мислењето на другите.  Мислењето на другите може да ни биде важно и кога свесно не го сакаме тоа, било да е за личниот или за професионалниот живот. Но желбата да им се допаднеме на другите по секоја цена може да не спречи да го живееме вистинскиот живот по наш автентичен  избор. Добро е ситуациите во кои мислењето на другите ни прави да се чувствуваме непријатно, да се согледаат преку мислата дека сликата на другата личност за нас не го менува фактот каква личност сме навистина. Така моќта на нивното мислење ослабува и нема да не оптоварува.

Она што е најважно е да почнете да го вежбате својот став спрема реакциите на другите.

Ако не добивате признание, тоа не го сфаќајте како  отфрлање и неодобрување. Кога нешто ќе направите  проверете дали чувствувате колку  е исправно и потсетете се дека тоа е ваш избор.

ПОФАЛЕТЕ СЕ самите себе – затоа што сте „тоа што сте“ .

Во коментарите кои ги добиваме секако треба да се земе во обзир личноста која го дава. Туѓиот коментар, особено ако е негативен повеќе зборува за оној кој го дава, од оној кој го прима. Затоа направете филтер за мислењата  на другите. Се разбира да се промени начинот на размислување никогаш не е едноставно. Но,  да се биде човек значи да се грижиш што другите мислат за вас. Само не заборавајте дека не сте единствени.