Press "Enter" to skip to content

Јовиќ и Танковски оптимисти пред реваншот со Тартан Прешов

Екипата на Еурофарм Пелистер по долгото патување од Битола до Прешов, се наоѓа во Словачка и синоќа го одработи и тренингот, а денес во 16 часот ги очекува реваншот од четвртфиналето против Татран Прешов.Тренерот Александар Јовиќ најави дека екипата ќе го промени ликот и ќе настапат повеќе ракометари кои не добиваат стандардно шанса во досегашниот тек на сезоната.

-Нè очекува тежок натпревар. Одлучивме да одмориме 3-4 наши ракометари, кои беа преоптеретени во овој дел на нашето првенство и во СЕХА лигата. На овој натпревар ќе им дадеме поголема шанса и на помладите играчи и на оние кои имаа помала минутажа досега“, смета тренерот Јовиќ.На претпазливост, и покрај предноста од осум гола повика и средниот бек, Марио Танкоски, и рече:

-Осум разлика носиме во Прешов, но тоа не е ништо. Сигурно Татран ќе биде комплетен во вториот натпревар, во Битола беа преполовени без Рабек и Урбан. Ќе се обидеме да ги одбраниме тие осум разлика за да се пласираме на Ф4, кој сите го посакуваме.По натпреварот во Прешов ни следи дерби во Автокоманда против Алкалоид. Многу ни е важен тој натпревар, но нема да биде лесно. Мора добро да се спремиме, ако сакаме на седми март против Вардар 1961 во Битола да се бориме за титула.