Press "Enter" to skip to content

Д-р Елизабета Ивановска, специјалист интернист, ве-де директор на Клиничка болница во Битола

Елизабета Ивановска, специјалист интернист, досегашна раководителка на Интерно одделение во ЈЗУ Клиничка болница во Битола е именувана за вршител на должноста директорка на оваа здравствена установа, со решение на министерот за здравство Фатмир Меџити.

Ивановска доаѓа на местото на Александар Обедниковски, кој поднесе оставка од морални причини, поради смртта на новороденче и шестгодишно девојче во болницата.